Mohamad Misto,Ömer Koparan,Adham Kako
14 Февруари 2020•Ажурирај: 14 Февруари 2020
АФРИН / АНКАРА
Девојче од Сирија по име Иман Ахмед Лејла, чие семејството поради режимските напади било принудено да побегне кон границата со Турција, почина како последица на ниските температури и лошите услови во кампот, јавува Агенција Анадолија (АА).
Сириско-американското медицинско друштво (SAMS) соопшти дека таткото во четвртокот во центарот во Африн на раце го донел девојчето.
Во соопштението се наведува дека девојчето поради хипотермија починало пред да биде префрлено во болница.
Вработен во болницата во Африн изјави дека утврдиле оти девојчето починало два до три часа пред татко ѝ да ја донесе во болница.
„Кога ја донесоа, срцето не ѝ чукаше. Таткото изјави дека живееле во барака која немала ниту прозорци и дека биле изложени на особено ниски температури. Претпоставуваме дека девојчето починало поради хипотермија. Кога беше донесена беше како мраз“, изјави вработен во болницата.
Во извештајот од болницата се наведува дека девојчето од година и пол тежело 4,5 килограми. Се наведува дека девојчето боледувало од церебрална атрофија.
Семејството поради руските и режимските напади од Источна Гута во 2008 година побегнало во Идлиб. Поради нападите што таму се извршени, биле принудени да мигрираат на подрачјето недалеку од границата со Турција.
Поради нападите што режимските и руските сили ги извршуваат врз зоната на деескалација на судирите, од јануари 2019 година кон турско-сириската граница побегнале 1,8 милиони цивили.