Duygu Yener
28 Јануари 2017•Ажурирај: 29 Јануари 2017
АНКАРА (AA) - Во рамките на воената офанзива Штитот на Еуфрат на северот на Сирија во последните 24 часа неутрализирани се 14 терористи на ДЕАШ, соопштено е од Турските вооружени сили, пренесува Anadolu Agency (AA).
Офанзивата „Штитот на Еуфрат“ започна на 24 август во северниот дел на Сирија, со цел неутрализирање на терористичките закани, особено ДЕАШ, и за да се зајакне безбедноста во сириско-турскиот пограничен појас. Офанзивата ја спроведуваат сириските опозициски сили, а во согласност со меѓународното право на самоодбрана ја подрржуваат и турските сили, како и меѓународната коалиција за борба против ДЕАШ.
Генералштабот на турската војска соопшти дека во изминатите 24 часа 158. дена од офанзивата, продолжено е со откривање и уништување на упориштата на ДЕАШ долж сириско-турскиот пограничен појас.
Како што наведоа отрворен е оган на 197 положби на ДЕАШ, а неутрализирани се 14 терористи. Меѓу вкупно 197 терористички мети се наоѓаа повеќе засолништа, бункери, складишта на оружје и воени возила.
На подрачјето на Ал-Баба и Бзагах на северот на Сирија во воздушни напади уништени се 17 стамбени објекти и складишта со оружје кои ги користеле припадниците на ДЕАШ.
Исто така, уништени се и 62 експлозивни напраи од рачно производство.
Од почетокот на воената офанзива неутрализирани се 3.344 експлозивни направи од рачно производство и 55 мини.