Vesna Besiç
28 Јануари 2017•Ажурирај: 29 Јануари 2017
КУАЛА ЛУМПУР (АА) - Голем број на Кинези и туристи во малезискиот Куала Лумпур со посета на храмот „Thean Hou" ја одбележаа Кинеската Нова година, која во Кина се нарекува празникот на пролетта, јавува Anadolu Agency (AA).
Кинеската Нова година или пролетниот фестивал е најважниот и најсвечен празник на Кинезите во текот на годината, а според традицијата, овој празник се слави пред повеќе од 4.000 години.
Тој е исто така познат и како лунарна Нова година, особено надвор од Кина.
Прославата традиционално започнува на првиот ден од првиот лунарен месец, на почетокот на годината по кинескиот календар.
Прославата ќе заврши на 15-тиот ден по почетокот на кинеската година, кога е фестивалот на светлината. Потоа во воздухот се пуштаат хартиени црвени светилки.
Кинеската Нова година се слави на крајот на зимата и почетокот на пролетта, a има сличности со карневалите во Западот.
Се прославува во Кина и во држави каде што живеат голем број Кинези, како што се Северна и Јужна Кореја, Монголија, Непал, Бутан и Виетнам.