Kerem Kocalar
20 Октомври 2016•Ажурирај: 21 Октомври 2016
ГАЗИАНТЕП (АА) – Керем Коџалар – Во рамките на програмата на турскиот Генерален директорат за печат и медиумско информирање, промената во регионот на Џарабулус е оквалификувана како изненадувачка, од страна на странските новинари кои го разгледаа местото, јавува Anadolu Agency (AA).
Животот во Џарабулус е вратен во нормала, откако градот беше исчистен од терористичката ДЕАШ и ПЈД во рамките на операцијата „Штитот на Еуфрат“, спроведена од страна на турските вооружени сили, специјалните сили и коалициските воздушни сили, а предводена од Слободната сириска армија.
Новинарите го разгледаа градот којшто е симбол на операцијата и во кој, една по една, се бришат трагите од војната, и забележаа дека градот е среден повеќе отколку што очекувале. Тие изјавија дека е изненадувачки ваквиот развој за толку кратко време.
Албанската новинарка Бејза Чекмез во изјава за АА рече дека пред да дојде во градот, очекувала да се соочи со многу лоша слика.
Чекмез се соочила со сосема спротивна слика од очекуваната. „Овде навистина има значаен напредок и подобрување. Особено нѐ израдува тоа што видовме дека децата се многу среќни“, вели таа.
Новинарката потсети дека на воените фронтови најчесто владее глад. „Луѓето велат дека овде пристигнува голема количина на храна. Оние со кои разговаравме сведочат за ова и се заблагодаруваат. Забележав дека сѐ уште има луѓе кои не се чувствуваат целосно безбедни, но со текот на времето ќе им исчезне стравот. Очекував повеќе урнатини и траги од војната. За кратко време започнале да се бришат многу траги. Има повторно изградени објекти. Ова е показател дека реонот ќе се опорави“.
Англиската новинарка Шамим Ара Чаудри изјави дека пред да дојде во Џарабулус, очекувал дека ќе се соочи со многу урнатини во градот, но сликата со која се соочил е различна.
Потенцирајќи дека промената е изненадувачка тој вели: „Видовме показатели дека малкуте урнатини можат повторно да се изградат овде. Луѓето изгледаат пресреќно. Раскажуваат дека се сити и задоволни. Очигледно е дека турската Влада направи многу за градот повторно да се изгради, но ова не е лесна работа. И покрај ова, се гледа дека луѓето имаат надеж“.