Ekipa
20 Октомври 2016•Ажурирај: 21 Октомври 2016
АТИНА (АА) - Организацијата Лекари без граници вели дека бегалците во Грција и понатаму живеат во ужасни услови, со лош пристап кон основна здравствена заштита и недостаток на животни намирници, јавува Anadolu Agency (AA).
Во извештајот објавен денес, организацијата Лекари без граници оцени дека Европската Унија и Грција колективно не успеале во обезбедувањето хумани и достоинствени услови за прием на бегалците.
Повеќе од 60.000 бегалци и мигранти, од кои многумина бегаат од војната во Сирија и Ирак, се заробени во Грција по затворањето на европските граници во март оваа година. Поголемиот дел од нив живеат во шатори, во околу 50 бегалски кампови.
Од нив, околу 14.000 лица се задржани на грчките острови во источниот дел на Егејското Море каде што ги подготвуваат за депортации во Турција.