Mohamad Misto
23 Октомври 2016•Ажурирај: 24 Октомври 2016
ДАМАСК (АА) - Поради недостаток на место за закопување на жртвите од со војна разорената Сирија, активисти импровизираа нов вид на гробни места во повеќе нивоа, кои се покажаа ефикасни и од безбедносен аспект, јавува Anadolu Agency (AA).
Војната во Сирија започна во март 2011 година, кога силите лојални на режимот на претседателот Башар ал-Асад со сила се обидоа да ги задушат масовните антивладини протести, а се проценува дека досега во земјата загинале речиси половина милион луѓе, со што постоечките гробиштата се одамна преполни.
Десетици сириски градови под контрола на опозицијата се под повеќегодишна опсада од страна на сириската армија и се цел на континуирани воздушни и артилериски напади на сириската и руската војска. Едно од тие места е и градот Дума, кој се наоѓа источно од Дамаск.
Гробиштата во Дума се пополнети, а локалните активисти отворија стотици нови, кои исто така се пополнети со оглед на тоа што секојдневно пристигнуваат десетици тела на загинати коишто треба да се погребаат.
Еден од активистите во Дума, по професија градежен инженер, направи план за гробишта на повеќе нивоа кој се покажа како ефикасен, и веќе се применува во неколку сириски градови.
Активистот задолжен за закопување на загинатите во Дума, Аднан Мудвир, за АА кажа дека првин копаат до 40 метри широк, пет метри долг и пет метри длабок гроб, а потоа во засолништата подготвуваaт непечени тули и камени плочи за гробовите.
„Моравме да преминеме на ваков вид гробови бидејќи новите гробишта во класична смисла се поплнуваат за неколку дена. Во дупката која ќе ја ископаме ги ѕидаме туките и со бетонски плочи правиме три нивоа на гробот, така што во тој мал простор погребуваме неколку стотина загинати“, рече Мудвир.
Мудвир исто така рече дека овој начин на закопување на загинатите се покажало добро, бидејќи закопот трае многу пократко, а присутните на погребот се поретко цел на артилериски и воздушни напади.