Ekipa
23 Октомври 2016•Ажурирај: 24 Октомври 2016
ВАТИКАН (АА) - Врховниот католички поглавар папата Франциско, рече дека борбите во ирачкиот град Мосул тераат на плач и оставаат без зборови, пренесува Anadolu Agency (AA).
Папата денеска на плоштадот во Ватикан предводеше миса пред околу 50.000 верници. Во текот на молитвениот дел, папата Френсис говореше за Мосул, каде што во тек се борбите за ослободување од терористите на ДЕАШ.
„Јас сум згрозен од ладнокрвното убивање деца“, рече папата.
Тој додаде дека народот на Ирак во овие драматични моменти е во неговите мисли.
„Нашите души се потресени од бруталното насилство кое веќе предолго време се случува врз невини граѓани, без разлика дали тие се муслимани или христијани“, рече папата.
Ирачките сили и сојузници оваа недела започна голема операција за ослободување на Мосул, вториот по големина град во Ирак. ОН наведува дека од областа која е окупирана од страна на ДЕАШ пребегале околу 4.000 луѓе.