Hakan Ceyhan Aydoğan
19 Декември 2016•Ажурирај: 20 Декември 2016
МОСКВА (AA) - Претседателот на палрламентарниот Одбор за безбедност на руската Дума Леонид Слутски изјави дека убиството на амбасадорот на Русија во Турција Андреј Карлов во оружениот напад во Анкара нема негативно да влијае на односите помеѓу Турција и Русија, јавува Anadolu Agency (AA).
Гласноговорничката на Министерството за надворешни работи на Русија Мариа Захарова рече дека оружениот напад на амбасадорот на Русија во Турција Андреј Карлов е терористички напад и дека случајот ќе го изнесе пред Советот за безбедност на Обединетите нации.
„Ќе ја продолжиме борбата против тероризмот", рече Захарова на новинарите во Москва".
Нагласи дека е потребно да се спроведе истрага и да се казнат одговорните за нападот. Истакна дека се во контакт со турските функционери во врска со нападот на рускиот амбасадор.
Потсетуваме, оружен напаѓач кој денес во Анкара го изведе нападот на амбасадорот на Русија во Турција е неутрализиран во полициска операција која следуваше по оружениот напад.
Карлов денеска е нападнат на изложбата на фотографии која ја отвори во Центарот на современа уметност во Анкара. Амбасадорот на Русија го нападна оружен напаѓач по отворањето на изложбата насловена „Русија во очите на патниците". На местото на настанот се испратени голем број на припадници на полицијата.