Zehra Nur Düz
26 Март 2021•Ажурирај: 28 Март 2021
ЕРУСАЛИМ (АА) - Резултатите од предвремените општи избори во Израел индицираат дека земјата ја очекува нова коалициска криза, јавува Агенција Анадолија (АА).
Израелската Централна изборна комисија го заврши пребројувањето на гласовите од изборите во вторникот и ги сподели резултатите со јавноста.
Резултатите покажуваат дека партијата Ликуд предводена од премиерот Бенјамин Нетанјаху освоила 30 места во 120-члениот Кнесет или Парламентот.
Партијата Јеш Атид (Партија на иднината) предводена од ривалот на Нетанјаху, Јаир Лапид, се најде на второ место, со 17 места.
Ултраортодоксната партија Шас, предводена од министерот за внатрешни работи, Арије Дери, освои девет места во Кнесетот.
Центристичката партија Сино-бели на министерот за одбрана, Бени Ганц, официјално позната како Израелска партија на отпорот, освои осум, додека централнолевичарската израелска Лабуристичка партија, националистичката партија Јамина, партијата „Израел Беитеину“ (Израел нашиот дом) и Обединета Тора доби по седум места.
Алијансата на здружените арапски партии, партијата Нова надеж на Гидеон Саар, екстремнодесничарскиот Ционостички сојуз и левичарската партија Мерец освоија по шест места.
Партијата Обединета арапска листа (Раам), предводена од Менсур Абас, успеа да обезбеди четири места.
Сеништето од петтите избори се заканува во Израел, бидејќи таборот на Нетанјаху, кој го сочинуваат партијата Ликуд и здружените десничарски партии, не успеаја да освојат 61 место во Кнесетот потребни за формирање влада, освојувајќи само 59.
Партиите од левиот блок исто така не успеаја да ги освојат потребните места за формирање коалициска влада.