Mustafa Çağlayan
18 Декември 2015•Ажурирај: 19 Декември 2015
ЊУЈОРК (АА) - Советот за безбедност на Обединетите народи ја усвои резолуцијата со која се бара заострување на мерките кои се однесуваат на финансирање на терористичката организација ДАЕШ, јавува Anadolu Agency (АА).
Напишана во соработка со претставниците на САД и Русија, резолуцијата едногласно ја потврдија министрите за финансии на членките на Советот за безбедност на првиот состанок од тој вид одржан синоќа.
Со резолуцијата се бара од државата да преземе постоги мерки во пресекувањето на изворите на финансирање на ДАЕШ, посебно кога станува збор за трговијата со нафта, и изразува загриженост поради неимплементирањето на претходните резолуции чија цел беше укинување на финанирањето на тероризмот.
Во резолуцијата се наведува дека претходните обврски според кои земјите мораа да им забранат на сите, на своите територии да формираат фондови достапни на терористичките организации „да се применува и во ситуации кога тоа нема врска со конкретните терористички дела“.
Терористичката организација ДАЕШ е под санкции на Советот за безбедност од средината на 2013 година, кога е сврстен на „Листата на санкции кон Ал Каеда“. Со новата резолуција називот на таа листа е сменет во „Листа на санкции кон ДАЕШ и Ал-Каеда“.
Министерот за финансии на САД Џејкоб Лу, кој претседаваше со седницата на Советот за безбедност, изјави дека со оваа резолуција зајакнати се механизмите на меѓународната заедница кои ќе го ограничат пристапот на ДАЕШ кон економските извори и со меѓународниот финансиски систем.
„Оваа резолуција е пресуден чекор, но вистински тест ќе бидат акциите кои секој од нас ќе ги преземе по нејзиното усвојување“, рече Лу, додавајќи дека успехот на усвоените финансиски механизми бара доследна примена на домашен терен, силна соработка со приватниот сектор и поинтензивна мултилатерална координација и размена на информации.
Во изјавата дадена пред седницата на Советот за безбедност на ОН, Бан Ки-мун рече дека ДАЕШ раководи со мулти-милион доларска економија на територијата која ја контролира.
„Како што се унапредуваат и развиваат терористичките групи, така и меѓународната заедница мора да застане на првата борбена линија против перењето пари и финансискиот тероризам“, рече Бан додавајќи дека резолуцијата ќе ги интензивира напорите, ќе ги идентификува слабите точки и ќе ги унапреди системите на регулирање со цел унапредување на човековите права.