Tufan Aktaş
31 Декември 2021•Ажурирај: 04 Јануари 2022
МОГАДИШУ
Сомалиската армија ги предупреди своите војници да не се мешаат во борбата за моќ што изби меѓу претседателот Мухамед Абдула Фермаку и премиерот Хусеин Робле по одложувањето на изборите, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во својот говор, началникот на Генералштабот на Сомалија, Одава Јусуф Рагех, рече дека Армијата треба да се држи настрана од актуелната политичка криза.
Посочувајќи ги ризиците од политизацијата на Армијата, Националната разузнавачка и безбедносна агенција соопшти дека агенцијата ќе продолжи да работи за безбедноста на државата.
Началникот на сомалиската полиција, Абди Хасан Мухамед, нагласи дека полицијата ќе се фокусира на изборите и националната безбедност и ќе се држи настрана од политички конфликти.
Во Сомалија има политичка криза меѓу премиерот Робле и претседателот Фермаку бидејќи претседателските избори не можеа да се одржат на 8 февруари.
Претседателот Фермаку на 27 декември ги суспендира премиерот Робле и командантот на поморските сили, Абас Амин Али, под обвинение за „корупција“ и „злоупотреба на јавен имот“.
Фермаку го обвинува Робле дека не може да ја води државата, додека Робле го обвинува Фермаку за намерно одложување на изборите.