Ekipa
15 Октомври 2017•Ажурирај: 15 Октомври 2017
МОГАДИШУ (АА) - Бројот на загинатите во силната експлозија на камион-бомба во центарот на сомалискиот главен град Могадишу се зголеми на 53, а над 60 лица се повредени, пренесува Anadolu Agency (AA).
Полицискиот претставник, Мухамед Хусеин, изјави дека многу жртви им подлегнале на повредите во болниците, кои не можат да се справат со големиот број на повредени.
Владата на Сомалија сѐ уште не го потврди точниот број на загинати во експлозијата во Могадишу, за која многумина тврдат дека е најсилната на која некогаш сведочеле.
Експлозијата во населбата Ходан се случи денес, два дека откако шефот на американската команда во Африка беше во Могадишу за да се состане со претседателот на Сомалија.
Претседателот на земјата Мухамед Абдулахи Фармаџо, кој за нападот одговорна ја смета терористичката организација Ал Шабаб, изрази сочуство до семејствата на загинатите во експлозијата, а на ранетите им посака брзо опоравување. Тој исто така се придружи на акцијата за дарување крв за повредените.
Сирените на амбулантните возила сѐ уште можат да се слушнат ширум главниот град на Сомалија.