Dildar Baykan
15 Јуни 2017•Ажурирај: 15 Јуни 2017
МОГАДИШУ (АА) - Во Могадишу, главниот град на Сомалија, по самоубиствениот напад што беше изведен во еден ресторан, бројот на загинатите се искачи на 31 лице, јавува Anadolu Agency (AA).
Полициски претставник соопшти дека нападот што вчера се случи во еден ресторан во главниот град на Сомалија, Могадишу, го извеле милитанти на организацијата Еш-Шебаб. Бројот на загинатите денес се искачи на 31 лице.
Во соопштението се вели дека во нападот се повредени најмалку 40 лица, кои се згрижени на лекување во различни болници во градот.
Полицискиот претставник изјави дека утрово се убиени милитантите на Еш-Шебаб кои учествувале во нападот.