Şenhan Bolelli
11 Ноември 2019•Ажурирај: 11 Ноември 2019
МАДРИД (АА) - Предвремените избори во Шпанија резултираа со продлабочување на постоечката политичка криза во земјата и потешкотии во формирањето на новата влада, јавува Anadolu Agency (AA).
На предвремените избори во Шпанија одржани на 28 април не беше формирана влада, и по речиси шест месеци Шпанците уште еднаш излегоа на гласање.
Социјалистичката работничка партија на Шпанија, според неофицијалните резултати на овие избори, освои 120 пратенички места, што е мал пад во однос на претходнтие избори кога имаше освоено 123 парламентарци, но генерално постои загуба на моќ бидејќи крајно левоориентираната партија Обединети можеме (Unidas Podemos), која како лев блок е најблиска до неа, забележа загуба.
На овие избори, Социјалистичката работничка партија на Шпанија, со освоени 158 пратеници ја задржа позицијата на левиот блок, додека десниот блок освои 150 пратенички места. Може да се забележи дека тоа е далеку од 176 пратеници, за мнозинство во шпанскиот Парламент.
- Санчез побара поддршка за малцинска влада -
Премиерот на Шпанија, Педро Санчез и лидер на Социјалистичката работничка партија на Шпанија, кој во споредба со претходните избори загуби 3 пратеници и мнозинството во Сенатот, во своето обраќање ги повика сите политички партии за „поддршка во формирањето на стабилна влада“. „Овој пат, Владата ќе биде формирана“, рече Санчез, а на своите политички противници им се обрати да дејствуваат одговорно и да го отворат патот за малцинска влада.
Според парламентарната аритметика, единствена опција на ПСОЕ за формирање на малцинска влада е на гласањето за доверба на Владата, најголемиот политички противник, Народната партија (PP) да биде воздржана.
Во текот на обраќањето на Санчез, членовите на партијата што се собраа пред зградата на ПСОЕ, за кажаната алтернатива извикуваа „Не може со ПП!“.
Пабло Касадо, лидерот на Народната партија (PP), шпанската крајно десноориентирана партија која во однос на претходните избори го зголеми бројот на своите пратеници, оценувајќи ги изборните резултати, изјави „ПП постигна добар резултат, но од аспект на иднината на Шпанија и формирање на влада, резултатот е лош.“
Изјавувајќи „Санчез го загуби референдумот!“, Касадо истакна „Реална алтернатива на левоориентираната Влада е ПП.“
Иако остро го критикуваше Санчез, лидерот на ПП изјави „Шпанија повеќе не може да остане без влада.“
Касадо, осврнувајќи се на одлуката што ќе ја донесе лидерот на Социјалистичката работничка партија на Шпанија, истакна дека ќе го исполнат нивниот дел од одговорноста, оставајќи простор дека со воздржаност на гласањето, ќе дадат поддршка за можна малцинска влада на Социјалистичката работничка партија на Шпанија.