Betül Yürük
04 јануари 2016•Ажурирај: 05 јануари 2016
ЖЕНЕВА (АА) - Специјалниот известувач за човекови права на Обединетите нации за окупираните палестински територии, Макарим Вибисоно поднесе оставка, јавува Anadolu Agency (AA).
Специјалниот известувач, Индонезиецот Вибисоно во изјава во врска со ова прашање, рече дека за време на неговиот мандат, од Израел не му било дозволено да влезе во Палестина, затоа се отежнувале напорите за помош на Палестинците кои се под израелска окупација.
Вибисоно изјави дека од јуни 2014 година, кога дошол на местото Специјален известувач, во својство на "непристрасен и објективен набљудувач" од Израел барал дозвола за влез во Палестина, но Израел никогаш не одговорил на барањата. Тој тврди дека нема да може да ја спроведе својата задача без директен пристап до окупираната палестинска територија, и покрај добрата соработка со палестинските власти, и дека тоа е причината за неговата оставка.
Вибисоно е 6-ти по ред Специјален известувач на ОН за Палестина, кој на оваа функција ќе остане до крајот на март, кога ќе биде избран негов наследник.