Mehmet Yılmaz
14 Февруари 2017•Ажурирај: 15 Февруари 2017
БУДИМПЕШТА (АА) - Престижниот политички унгарски весник „Magyar İdök" објави статија во која познатиот американски бизнисмен Џорџ Сорос се споредуват со Фетула Ѓулен, лидерот на терористичката организација ФЕТО, јавува Anadolu Agency (AA).
Унгарскиот адвокат, Јанош Сомоџи, во унгарскиот весник „Magyar İdök" објави статијата под наслов „Џорџ Сорос, европски Фетула Ѓулен“, во која наведува дека Сорос претставува закана за Унгарија, споредувајќи го со Ѓулен, лидерот на ФЕТО. Сомоџи во својот напис вели дека постои застрашувачка сличност меѓу Ѓулен и Сорос, истакнувајќи дека се преклопуваат двете структурни мрежите кои ги формирале.
Соморџи вели дека милијардерот Сорос, не се задоволува со парите и со цел да стекне политичко влијание во земјите и да одлучува за иднината на народите, употребува методи кои се користат за „перење ум“.
„Постои застрашувачка сличност меѓу мрежата која е раководена од страна на Сорос со движењето и мрежата на Ѓулен“, вели во својата статија Соморџи.
- Владата е вознемирена
Централно десничарската унгарска влада на партијата Фидес тврди дека истакнатиот американски инвеститор Џорџ Сорос ги користи невладините организации за лични цели, со цел да им диктира на локалните власти.
Претседателот на пратеничката група Фидес, пратеникот Шилард Немет, откако изјави дека е потребно расчистување на организациите кои Сорос ги поддржува, беше причина за големи дискусии.
Пратеникот Иштван Холик од унгарската христијанско-демократска партија, која е партнер на владата имаше изјавено: „Одредени невладини организации немаат никаков придонес врз унгарската економија и социјален развој. Тие извршуваат само одредени политички цели и се финансирани од странство. Затоа нивното постоење нема некое големо значење. Преземањето на пооштра контрола врз нив е сосема нормална реакција.“
- Унгарската влада започна истрага во врска со училиштата на ФЕТО
Од друга страна, унгарската влада, по обидот за државен удар на 15 јули од страна на ФЕТО, започна акции против оваа организација во земјата. Министерот Јанош Лазар имаше изјавено: „Премиерот Виктор Орбан даде наредби да се започне истрага во врска со активностите на организациите на ФЕТО во Унгарија. Истрагата заедно ќе ја спроведат министерствата за внатрешни и надворешни работи на Унгарија“.
Организацијата која особено е структурирана во главниот град Будимпешта, своите активности на полето на образованието ги покажува во двете училишта под име Орхидеа, отворени во 2006 и 2014 година од страна на Фондацијата Призма.