Hasan Esen
18 Август 2017•Ажурирај: 19 Август 2017
БАРСЕЛОНА (АА) - По синоќешниот терористички напад во Барселона во кој загинаа 13, а ранети се околу 100 лица, полицијата во каталонскиот град Камбрилс неутрализираше пет лица кои се обидувале да извршат уште еден напад, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението од каталонската полиција е наведено дека во градот Камбрилс, јужно од Барселона, полицијата се судри со група лица кои се поврзуваат со нападот во Барселона.
Од полицијата наведуваат дека се претпоставува оти неутрализираните лица се поврзани со синоќешниот напад во Барселона, како и со експлозијата што се случи синоќа во градот Алканар, при што загина едно лице.
Исто така, наведено е дека во судирот на безбедносните сили со напаѓачите се повредени еден полицаец и шестмина цивили, од кои двајца потешко.
Терористичката организација ДЕАШ презеде одговорност за синоќешниот напад во Барселона. Најмалку 13 лица загинаа, а околу 100 се повредени кога на шеталиштето Лас Рамблас во центарот на Барселона, комбе влета во група пешаци.