Emel Öz Gözellik
18 Август 2017•Ажурирај: 18 Август 2017
БАРСЕЛОНА (АА) - Претседателот на шпанската покраина Каталонија, Карлес Пигдемонт, изјави дека 12 лица загинаа, а 80 се повредени кога денес попладне на шеталиштето Лас Рамблас во центарот на Барселона, комбе влета во група пешаци, јавува Anadolu Agency (AA).
Во обраќањето до новинарите, Пигдемонт истакна дека приведени се две лица поврзани со терористичкиот напад во Барселона.
Терористичката организација ДЕАШ преку својата новинска агенција „Амак“ ја презеде одговорноста за нападот.
Каталонската полиција соопшти дека полицијата го убила возачот на автомобилот, откако со возило удрил во двајца полицајци.
Градоначалничката на Барселона, Ада Колау, изјави дека утре на централниот плоштад во Барселона ќе биде одржана почест за жртвите од нападот.
Полицијата претходно соопшти дека се трага по двајца осомничени, а едниот од нив е Дрис Окабир.