Ferdi Türkten
04 Декември 2019•Ажурирај: 05 Декември 2019
ЛОНДОН (АА) - Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, оствари средба со американскиот претседател, Доналд Трамп, јавува Агенција Анадолија (АА).
Ердоган и Трамп се состанаа по главната сесија на Самитот на лидерите на НАТО во Лондон.
Состанокот, кој беше затворен за медиумите, траеше половина час.
И двајцата претседатели престојуваат во Лондон на Самитот на НАТО, по повод 70. годишнина на Алијансата.