Esat Fırat
22 Октомври 2020•Ажурирај: 23 Октомври 2020
ЕРУСАЛИМ (АА) - По преговорите спроведени во посредство на Соединетите Американски Држави (САД), Судан донесе одлука за нормализирање на односите со Израел, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на весникот „Израел хајом“ (Isarel Hayom), близок до израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, по договорите за нормализирање на односите помеѓу Израел и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), како и Бахреин, во овој процес се вклучи и Судан.
Во веста се вели дека по преговорите помеѓу Судан и САД, администрацијата на Картум донела одлука за нормализирање на односите со Тел Авив.
Одлуката се опишува како историски чекор и се наведува дека како дел од овој чекор, САД ќе го отстранат Судан од листата на земји кои го поддржуваат тероризмот.
Властите во Картум и Тел Авив сѐ уште не дале официјална изјава во врска со оваа одлука на Судан.