Mustafa Melih Ahıshalı
12 Мај 2021•Ажурирај: 17 Мај 2021
ИСТАНБУЛ
Девет лица, од кои двајца војници, загинаа во судир меѓу безбедносните сили на Армијата на револуционерната гарда и вооружена група во руралното подрачје на Селмас во провинцијата Западен Азербејџан во Иран, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Новинската агенција „Мехр“ го објави писменото соопштение што го издаде Револуционерната гарда.
Во соопштението се вели: „(Вчера напладне) Убиени се милитанти на терористичка организација во судир до кој дојде меѓу Револуционерната гарда и 7 лица припадници на антиреволуционерната и криумчарска група во обид преку турската граница да се инфилтрираат во областа Селмас.“
Во соопштението се наведува дека во конфликтот загинале и 2 војници, припадници на милициските сили „Бешиќ“, кои се дел од Револуционерната гарда.
Нема информации за идентитетот на убиените лица или организацијата на која ѝ припаѓаат.
Провинцијата Западен Азербејџан, сместена во близина на границата на Иран со Турција, повремено е сведок на судири меѓу иранските сили и милитантите и криумчарите на терористичката организација ПKK/ПJAK.