Fahri Aksüt
30 Април 2020•Ажурирај: 01 Мај 2020
АЗАЗ / ДЕИР ЕЗ ЗОР
Пријавени се судири меѓу терористичката организација ДЕАШ и сирискиот режим поддржан од иранските групи во регионот богат со нафта Деир ез Зор, велат локални извори, јавува Агенција Анадолија (АА).
Режимските елементи стационирани во регионот, со артилерија ги имаа како цел позициите на ДЕАШ во подрачјето Малајдин, западно од Деир ез Зор.
Терористичката организација, која ги загуби своите позиции во Рака и Деир ез Зор во Сирија, е распространета во пустинскиот регион источно од Хумус и западно од Деир ез Зор.