Ayhan Şimşek
30 Април 2020•Ажурирај: 01 Мај 2020
БЕРЛИН
Германија го забрани Хезболах во целост, се соопштува од Министерството за внатрешни работи денес, јавува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на Министерството за внатрешни работи, Стив Алтер, во соопштението објавено на Твитер го опиша Хезболах како шиитска терористичка организација и изјави дека министерот за внатрешни работи, Хорст Сиховер, денес наредил забрана на сите активности на групата во Германија.
„Од рано утринава се во тек истовремени полициски операции во неколку сојузни земји“, изјави тој.
Военото крило на Хезболах беше забрането и претходно.
Агенцијата за внатрешно разузнавање (BfV) соопшти дека либанската група во Германија има околу 1.000 поддржувачи.
Земјите членки на Европската Унија во 2013 година го забранија вооруженото крило на Хезболах, но се спротивставија на притисокот од САД и Израел да ја забранат групата во целост.
Во Либан, Хезболах е признат како голема политичка партија и игра улога во сложената структура на моќ во земјата.