Behlül Çetinkaya
06 Февруари 2019•Ажурирај: 06 Февруари 2019
ИСЛАМАБАД (АА) - Во северниот дел на Пакистан, патнички автобус се судри со камион. Во несреќата животот го загубија 11 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Во пакистанската провинција Хајбер-Пахтунва, автобус кој се движел од градот Пешавар кон градот Дера Исмаил Хан, во близина на местото Спин Али Банда, недалеку од градот Карак, се судрил со камион.
Полициските претставници соопштија дека во несреќата животот го загубиле 11 лица, додавајќи дека поголемиот дел од нив загинале од пожарот кој настанал по судирот.
Повредените се префрлени во болницата во Карак.
И на 21 јануари, во Пакистан, патнички автобус се судри со камион-цистерна која превезуваше течно гориво. Судирот предизвика пожар и во двете возила, а во несреќата животот го загубија 27 лица.