Sayed Khodaberdi Sadat
28 Мај 2017•Ажурирај: 29 Мај 2017
КАБУЛ (АА) - Во судир до кој дојде помеѓу припадниците на терористичката организација ДЕАШ и локалното население во Ачин, во авганистанската покраина Нангархар, загинаа шест цивили, а убиени се 15 терористи, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на канцеларијата на гувернерот на Нангархар, Атаула Хогјани за АА изјави дека припадниците на ДЕАШ се обиделе да киднапираат цивили од селото Вачкот, во Ачин, по што следувал судирот.
Хогјани истакна дека отпорот кој локалното население го покажало во борбата против терористите е за пример.
Терористичката организација ДЕАШ е активна на подрачјето на Ачин во Нангархар. Американските воздушни сили во април го гаѓаа комплексот на споменатата организација со бомбата GBU-43, која се смета за најсилната ненуклеарна бомба.