Haydar Hadi
28 Мај 2017•Ажурирај: 29 Мај 2017
ДИЈАЛА (АА) - Во самоубиствен напад извршен во Бакуба, во источниот дел на Ирак, загинаа четири, а ранети се 15 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Безбедносните извори соопштија дека бомбашот-самоубиец кој дошол до контролната точка во Бакуба, активирал експлозивна направа која на носел на себе.
На местото на нападот се упатени голем број екипи на итната медицинска помош кои загинатите и ранетите ги превезуваат во околните болници.
Во изминатите неколку дена, во северниот и источниот дел на Дијала, каде припаѓа и Бакуба, покрената е воена акција против ќелиите на терористичката организација ДЕАШ.