Ayşe Sümeyra Aydoğdu,Zekeriya el-Kemali/Muhammed Abdulaziz
15 Септември 2016•Ажурирај: 15 Септември 2016
САНА (АА) - Бројот за загинати војници на Саудиска Арабија се искачи на 5, во судирите со Хусите во Јемен, коишто избувнаа на граничната линија во последниов период, јавува Anadolu Agency (АА).
Официјалните медиуми на Саудиска Арабија соопштија дека во борбите што избувнаа во последниов период, на границата помеѓу Јемен и Саудиска Арабија, загинале нивни 5 војници.
Според вестите на весникот Ахбарије 24, на границата помеѓу Саудиска Арабија и Јемен, во градот Неџран загинале двајца војници чиј татко бил убиен пред една година.
Во вестите се вели дека по една година од смртта на таткото, животот го загубиле војникот Ахмед Тавахари и неговиот брат Хади Тавахари.
Во вчерашните жестоки борби на границата со Јемен, меѓу силите на Саудиска Арабија и Хусите, животот го загубија тројца војници.