Mehmet Tosun
28 Јануари 2022•Ажурирај: 29 Јануари 2022
АНКАРА
Силеман Шемо Јусуф, со кодно име „Азад“, таканаречен офицер на специјалните сили на терористичката организација ПКК/СЕО (Синџарски единици за отпор), беше неутрализиран во акцијата на турската Национална агенција за разузнавање (МИТ) во ирачкиот регион Синџар, известува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите добиени од безбедносни извори, МИТ спровела операција врз возилото на терористот Силеман Шемо Јусуф во регионот Баб Шило во Синџар, кој е под контрола на ПКК/КЏК.
Терористот е неутрализиран во возилото во кое се наоѓал.
Хасан Саид Хасан, со кодно име „Сејит“, таканаречен главен координатор на Синџарските единици за отпор, член на ПКК, беше неутрализиран во Синџар во операција на МИТ во август 2021 година.