Zehra Ulucak
18 Септември 2019•Ажурирај: 19 Септември 2019
АНКАРА (АА) - Премиерот на Тајланд, Прајут Чан-Оча, излезе во одбрана на одлуката на Специјалното полициско биро за собирање на личните податоци на муслиманските студенти во земјата, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста на „Нејшн Тајланд“ (Nation Thailand), Прајут го поддржа тоа што полицијата ги побарала од универзитетите низ земјата личните податоци на муслиманските ученици. Прајут тврди дека „тоа не е дискриминација, туку само компилација на податоци“.
Според Прајут, оваа одлука на полицијата не значи дека се прекршува приватноста на лицата.
„Никој не треба да е загрижен од собирањето на нивните лични податоци, доколку тие лица немаат намера да вршат нешто илегално“, рече тој.
Прајут истакна дека податоците за муслиманските студенти се потребни за полицијата, со цел формирање база на податоци која ќе биде корисна од разузнавачки аспект.
На социјалните мрежи беше објавен документ во кој се забележува барањето на полицијата испратено до еден од универзитетите во земјата.
Муслиманските студенти велат дека полицијата со ова барање врши дискриминација.