Mahmut Atanur
26 Октомври 2016•Ажурирај: 26 Октомври 2016
ПЕКИНГ (АА) - Економската штета која тајфунот Хаима ја нанесе на Кина се проценува на околу 702 милиони долари, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерството за цивилни работи на Кина соопшти дека штетата од околу 4,76 милијарди јени (околу 702 милиони долари) е проценета во покраините Гуангдонг, Џијангсу и Фуџиан.
Во напоменатото подрачје срушени се 600 станбени објекти, а на 3.200 од нив е причинета значителна штета.
Покрај тоа евакуирани се околу 700.000 лица, а населението претходно беше предупредено на опасност од поплави и свлечишта.
Тајфунот Хаима пред да пристигне во јужниот дел на Кина ги зафати Филипините, каде однесе најмалку 13 животи.