Kübra Chohan
03 Март 2018•Ажурирај: 04 Март 2018
АНКАРА (AA) – Турските вооружени сили (ТВС) и Слобододната војска на Сирија (ФСА) денес од терористите на ЈПГ/ПКК и ДЕАШ ослободија две села и ја презедоа контролата над центарот на градот Рајо во текот на операцијата „Маслинова гранка“ на северозападниот дел на Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Ослободени се и селата Рамадијах и Хамелика во подраќјето Џиндерес, кои се наоѓаат југозападно од Африн, известува репортер на АА од местото на настанот. Судирите се продолжени во центарот на Рајо, бидејќи турските сили се обидуваат да го скршат отпорот на останатите терористи и да го исчистат подрачјето од мини.
Рајо се наоѓа северозападно од Африн и е втор градски центар ослободен од почетокот на операцијата „Маслинова гранка “. Прв беше Булбул.
Северозападниот сириски регион Африн граничи со турските области Хатај и Килис. Тој дел од границата во облик на полумесечина од пред пет дена во потполност е под контрола на турските сили и Слободната војска на Сирија (ФСА).
Операцијата во Африн започна на 20 јануари во согласност со турското право засновано на меѓународното право и резолуциите на Обединетите нации, особено на оние што се однесуваат на борбата против тероризмот 1624 (2005), 2170 (2014) и 2178 (2014).
Турција се повикува и на членот 51 од Договорот на ОН, односно на Правото за самоодбрана. Операцијата се спроведува со целосно почитување на територијалниот интегритет на Сирија.
Силите лојални на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад во јули 2012 година, без борба, на терористите на ПЈД/ПКК им ја препуштија контролата врз Африн, по што овој град стана еден од главните центри на терористичката организација.
ПЈД/ПКК е сириски огранок на терористичката организација ПКК, која се наоѓа на листата терористички групи во Турција, САД и Европската Унија. ПКК уште од средината на 1980-тите години води терористичка кампања против Турција.