Sinan Uslu
22 Март 2018•Ажурирај: 22 Март 2018
АНКАРА (АА) - Портпаролот на турското Претседателство, Ибрахим Калин, соопшти дека турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, остварил телефонски разговор со претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Доналд Трамп, јавува Anadolu Agency (AA).
„Нашиот претседател телефонски разговараше со претседателот на САД, Трамп. Во телефонскиот разговор стана збор за билатералните и регионални прашања“, истакна во изјавата за АА, Ибрахим Калин.