Ali Cura
04 Јануари 2020•Ажурирај: 05 Јануари 2020
МОСКВА
Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, оствари телефонски разговор со шефот на иранската дипломатија, Џевад Зариф, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Тоа преку писмено соопштение го потврди Министерството за надворешни работи на Русија.
Според ова соопштение, Лавров упатил сочувство до Зариф поради убиството на генерал Касим Сулејмани, командантот на Силите на Ерусалим при Иранската револуционерна гарда.
„Двајцата министри нагласија дека активностите на САД се тешко прекршување на основните меѓународни права, дека тие не носат решение за сложените проблеми на Средниот Исток, но предизвикуваат нови тензии во регионот“, се вели во соопштението.