Haydar Hadi
08 Ноември 2016•Ажурирај: 09 Ноември 2016
САЛАХУДИН (AA) - Припадниците на терористичката организација ДЕАШ вчера изведоа напад на наоѓалиштата на нафта на територијата на Ирак, јавува Anadolu Agency (AA).
Според безбедносни извори, милитантите на ДЕАШ изведоа напад на наоѓалиштата на нафта во источниот дел на Тикрит.
Тикрит е град во Ирак кој се наоѓа 140 километри северно од Багдад, на реката Тигар.
На споменатото подрачје наводно сѐ уште се водат борби меѓу ДЕАШ и ирачките сили.
Од друга страна, во бомбашките напади што во понеделникот ги изведоа терористите на ДЕАШ во ирачкиот град Мосул загинаа двајца војници, додека седуммина се ранети.
Според безбедносни извори, милитант на ДЕАШ во населбата Ел-Интисар на југоистокот од градот Мосул вчера, со автомобил-бомба извел самоубиствен напад. Притоа загина еден војник, а четворица беа ранети.
По бомбашкиот напад, ирачките сили мораа да се повлечат од одредени делови на населбата поради силни оган од силите на ДЕАШ.
Во другиот напад со автомобил-бомба во населбата Ес-Семах ес-Сани, на истокот на Мосул загина еден војник, а тројца се ранети.
Во нападот е оштетено и возило на ирачките воени сили.
Ирачките сили минатиот месец започнаа опсежна операција за ослободување на Мосул од терористите на ДЕАШ, а поддршката во операцијата даваат и воздушните сили на меѓународната коалиција што ја предводат САД.