Cebrail Caymaz,Mehmet Fatih Aslan,Eşber Ayaydın,Mustafa Güçlü
13 Октомври 2019•Ажурирај: 14 Октомври 2019
ШАНЛИУРФА (AA) - Најмалку едно лице е повредено во минофрлачкиот напад на терористите на ЈПГ/ПКК кои го изведоа од окупираните подрачја на Сирија, во местата Суруч и Акчакале, недалеку од турскиот град Шанлиурфа, јавува Anadolu Agency (AA).
Вооружените сили на Турција на 9 октомври започнаа воена операција „Извор на мирот“, чија цел е со елиминација на терористичките елементи да се обезбеди турската граница и да се спречи воспоставување на терористички коридор.
Терористите на ЈПГ/ПКК од окупираната сириска територија изведоа напад со минофрлачи и погодија три куќи во местото Суруч, во близина на турско-сириската граница. Во нападот е повредено најмалку едно лице.
Повреденото лице итно е префлено во болница, на погодените куќи е забележана штета.
Терористите, исто така изведоа и минофрлачки напад врз турското погранично место Акчакале, а погоден е објект во кој се наоѓаа цивили. Меѓу присутните настана паника, а објектот е значително оштетен.