Hakan Çopur,Michael Hernandez
22 Јули 2017•Ажурирај: 23 Јули 2017
ВАШИНГТОН (АА) – Командантот на специјалните сили на Соединетите Американски Држави (САД), генералот Рајмонд Томас, истакна дека и препорачале на терористичката организација ЈПГ да го смени своето име поради што Турција ја смета за терорситичка организација поврзана со ПКК, и пренесе дека името го смениле во „Демократските сили на Сирија“ (ДСС), јавува Anadolu Agency (AA)
Томас во неговиот говор на годишниот безбедносен состанок на Институтот Аспен кој е една од најзначајните тинк-тенк организации на САД, одржан во сојузната држава Колорадо, се осврна на терористичката организација ПКК/ПЈД.
Во врска со курдските групи во Сирија со кои соработуваат, Томас јасно кажа како ЈПГ која е воено крило на огранокот на терористичката организација ПКК во Сирија, ПЈД, го смнила своето име.
- „Им рековме дека треба да го сменат нивното име“
Истакнувајќи дека има тесна соработка со ПКК/ПЈД, Томас рече: „Тие себеси официјално се нарекуваа ЈПД, а Турците велат дека тие се исти како ПКК, ‘Вие соработувате со нашиот терористички непријател, како може ова да го направите како сојузник?’ велат тие. Ние врз основа на тоа им рековме дека требаат да го сменат своето име. На пример, покрај ЈПГ како сакате да се нарекувате себеси? После еден ден прогласија дека нивното име е ‘Демократските сили на Сирија’. Мислам дека е паметен чекор што во средина на нивното име го ставиле изразот ‘демократски’. Ова им даде некоја репутација.“
Томас рече дека ПКК/ПЈД ја гледаат како активен партнер во борбата против ДЕАШ, и нагласи дека специјалниот претставник на САД во борбата против ДЕАШ, Брек МекГурк многу им помагал.
- „Никогаш не ќе можеа да бидат на преговарачката маса под името ПКК“
Генерал Томас тврди дека од демографски аспект ПКК/ПЈД е доминантен елемент во северна Сирија. „Среќен сум што имам еден партнер како Брет Мекгурк, бидејќи (елементите на ДСС) бараа нешто што јас не можев да им дадам. Сакаа да бидат на маса во местата како Женева и Астана каде се зборува за иднината на Сирија. Никогаш не ќе можеа да бидат на маса под името ПКК“ вели тој.
Американскиот генерал се осврна и на еволуцијата на ПКК/ПЈД од воен аспект, и додаде: „Затоа ги милитаризиравме и на овој начин Мекгурк ги држеше во преговорите, и им го обезбеди потребниот легитимитет за да бидат наш добар партнер.“
Томас во другиот дел од неговиот говор се осврна на борбата против ДЕАШ, и подвлече дека Русија претставува закана за безбедносните области на НАТО. Тој додаде дека САД во двете прашања прави чувствителни и внимателни чекори.