Emel Öz Gözellik
28 Ноември 2018•Ажурирај: 29 Ноември 2018
КАТМАНДУ (АА) - Седумнаесетгодишна девојка од Непал, во намера да го собори Гинисовиот рекорд, танцувала 126 часа, пренесува Anadolu Agency (AA).
Новинската агенција „Синхуа“ јавува дека Бандана Непал денес го завршила соло-настапот што го започнала во петокот.
Непал со тоа го собори претходниот рекорд од 123 часа и 15 минути, кој во 2011 година го постави Индијката Каламандалам Хемлата.
Тинејџерката танцувала речиси шест дена, а правела само пократки паузи за одмор.
Нејзиниот татко Рам Непал е среќен и горд поради успехот на неговата ќерка.
Во тек е процесот за праќање докази за нејзиното настапување за да добие сертификат и да биде запишана во книгата на Гинисови рекорди.