Serdar Dincel
06 Јуни 2024•Ажурирај: 07 Јуни 2024
ИСТАНБУЛ (АА) - Торнадо усмрти двегодишно момче, а со повреди се здоби неговата мајка кога дрво падна врз нивната куќа во предградието на Детроит, додека работниците за итна помош во Мериленд излегоа на терен поради дојави за урнати градби со луѓе заглавени внатре откако подрачјето беше зафатено од торнадо, јавува Анадолу.
Речиси еден час, екипите работеа да го отстранат покривот и делови од дрвото пред конечно да го подигнат за да ги извлечат жртвите, објави Еј-би-си њуз.
Силната бура предизвика торнадо што синоќа го зафати округот Монтгомери во американската сојузна држава Мериленд, предизвикувајќи штета по неговата патека долга најмалку 72 километри, објави Ен-би-си њуз.
Торнадото ја предизвика најголемата штета досега во станбената населба во Гајтерсбург, каде што собори големи дрвја врз куќи, заробувајќи ги луѓето внатре.
Според Пит Пирингер од пожарникарската и спасувачка служба на округот Монтгомери, пет лица се повредени во дом на Догвуд Драјв, меѓу кои едно лице со трауматски повреди.
Пиринџер соопшти дека има големи прекини на струја и паднати жици, и остатоци и отпад расфрлани по коловозите.
Издадени се предупредувања за торнадо и за други делови на Мериленд, како окрузите Балтимор, Харфорд, Дандалк, Есекс, Розедејл и Мидл Ривер, објави американската Национална метеоролошка служба (NWS) на својот профил на X.