Muhammed Bilal Kenasari
13 Октомври 2018•Ажурирај: 13 Октомври 2018
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот претседател Доналд Трамп ќе го прими денес во Белата куќа свештеникот Ендрју Брансон, кој во Турција е обвинет за поддршка на терористичките организации и осуден на 3 години и 1,5 месец затвор. Со оглед на тоа што му е пресметано времето поминато во притвор, Брансон вчера е пуштен на слобода, јавува Anadolu Agency (AA).
Трамп се обрати во Белата куќа по повод излегувањето на слобода на свештеникот Брансон.
„Имаме добри вести. Свештеникот Ендрју Брансон тргна со авион од Турција. Колку што ми е познато, се наоѓа во добра состојба. Веројатно ќе застане во Германија заради потребните контроли. Најверојатно в сабота ќе биде во Овалниот кабинет“, изјави Трамп.
Судот во Турција го осуди американскиот свештеник Ендрју Брансон на 3 години, 1,5 месец и 15 дена затвор, но истовремено му се укинати мерките за забрана, домашниот притвор и напуштањето на земјата, со што Брансон излегува на слобода. Истиот ден отпатува за Германија.
Ендрју Крег Брансон е уапсен на 9 декември 2016 година и оттогаш се наоѓа во притвор. Обвинет е за активности и шпионажа во корист на терористичките организации ПКК и ФЕТО.
На барање на Oбвинителството, Судот во Измир на 18 јули на американскиот свештеник му изрече мерка притвор за време на судската постапка, но поради неговите здравствени проблеми таа мерка е преиначена во домашен притвор.
Во обвинението што го подигна Обвинителството во Измир се наведува дека тој бил во контакт со членовите на терористичката организација ФЕТО.