Michael Hernandez
22 Декември 2017•Ажурирај: 24 Декември 2017
ВАШИНГТОН (AA) - Американскиот претседател Доналд Трамп го потпиша даночниот пакет во вредност од 1,5 трилиони долари кој донесува најголеми промени во американскиот даночен систем во последните 30 години, јавува Anadolu Agency (AA).
„Ова е нешто со што сум многу горд. Ова е важно за нашата земја, за американскиот народ", рече Трамп на церемонијата на потпишување на одлуката која со тоа и официјално стана закон.
Претседателот Трамп претходно оваа недела спомнатите промени во даночниот систем ги нарече како историска победа за американскиот народ.
Потсетуваме, Парламентарниот дом на Соединетите Американски Држави (САД) на 20. декември го изгласа нацрт законот кој предвидува многу важни измени во даночниот систем на оваа земја.
Споменатиот закон во САД го намалува данокот на добивка од 35 отсто на 21 отсто и го укинува клучниот дел на досегашниот „Obamacare".
Според оваа даночна реформа, ќе се намали даночната стапка на доход на богатите граѓани.
На домаќинствата со средни приходи данокот идната година ќе им се намали во просек за 900 долари, а за најбогатите еден отсто Американци за околу 51.000 долари.
Многу аналитичари сметаат дека ова е првата голема правосудна победа на американскиот претседател по 11 месеци на должност.