Beril Çanakcı
08 Февруари 2025•Ажурирај: 09 Февруари 2025
ИСТАНБУЛ (АА) - Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека го укинува пристапот на Џо Бајден до доверливите информации и дневните разузнавачки брифинзи, наведувајќи ја загриженоста за меморијата на поранешниот претседател и ризикот за националната безбедност, јавува Анадолу.
Во објава на „Truth Social“, Трамп истакна дека Бајден „го постави овој преседан“ во 2021 година кога му забранил да добива разузнавачки брифинзи кои обично им се нудат на поранешните претседатели.
Тој се повика на извештајот на специјалниот советник во врска со менаџирањето на Бајден со доверливите документи, во кој тој беше опишан дека има „лоша меморија“.
„Нема потреба Џо Бајден да продолжи да има пристап до доверливи информации“, напиша Трамп. „Јас секогаш ќе ја штитам нашата национална безбедност - ЏО, ТИ СИ ОТПУШТЕН“.