Gülbin Yıldırım
03 Декември 2018•Ажурирај: 03 Декември 2018
ВАШИНГТОН (АА) - Претседателот на САД, Доналд Трамп, соопшти дека Кина прифатила да ги намали и укине тарифите применети за американските автомобили, пренесува Anadolu Agency (AA).
Трамп, во објава на Твитер, напиша дека администрацијата на Пекинг ќе ги промени даноците за автомобилите со потекло од Соединетите Американски Држави (САД).
„Кина прифати да ги намали и укине тарифите за автомобилите што доаѓаат од САД. Стапката на моменталната тарифа е 40 отсто“, нагласи Трамп.
Трамп и претседателот на Кина, Си Ѓинпинг, на нивната средба одржана во рамки на Самитот на лидерите на Г20 организиран во Буенос Аирес, се согласија на 90-дневно „примирје“, со кое ќе се спречи влошувањето на трговската војната меѓу двете земји со нови тарифи.