Emel Öz Gözellik
19 Јуни 2019•Ажурирај: 20 Јуни 2019
АНКАРА (АА) - Американскиот претседател, Доналд Трамп, најави дека следната недела ќе започне процесот на протерување на милиони нелегални имигранти од САД, пренесува Anadolu Agency (AA).
Трамп на својот официјален твитер-профил напиша дека имиграциската и царинска служба на САД (ICE) следната недела ќе го започне процесот за депортација на милиони имигранти, кои нелегално влегле во земјата, и дека имигрантите ќе се вратат со истата брзина како што влегле во земјата.
Истакнувајќи дека процесот ќе се реализира на брз начин, американскиот претседател Трамп рече дека Мексико има направено добра работа, користејќи го Законот за имиграција.
Трамп, кој ја започна својата втора претседателска предизборна кампања во Орландо, во американската сојузна држава Флорида, во својот говор, честопати го допре прашањето за имигрантите од земјите од Латинска Америка.
„Ние сметаме дека нашата земја треба да биде прибежиште за граѓаните што ги почитуваат законите, но не и за криминалците странци“, нагласи Трамп.