Övünç Kutlu
22 Април 2017•Ажурирај: 23 Април 2017
ЊУЈОРК (AA) – Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД) Доналд Трамп потпиша три нови претседателски уредби кои се однесуваат на даночните реформи и финансиски регулации во оваа земја, јавува Anadolu Agency (AA).
Трамп по потпишувањето на уредбите во зградата на Министерството за финансии на САД рече дека првата уредба има за цел да го поедностави даночниот систем на САД.
„Луѓето не можат да го вратат данокот. Немаат основни информации за тоа како сето тоа функционира. Даночниот систем е многу комплициран", рече Трамп.
Освен што е цента да се намалат компликациите во рамките на обаста на даночниот систем, Трамп додаде дека ќе работи на тоа да се намалат и даноците за средната класа и претпријатијата.
Кога е во прашање другата уредба, таа се однесува на финансиските регулации во рамките на банкарските реформи што е една од главните обврски воведени по финансиската криза од 2007. година.
Трамп истакна дека наведените финансиски регулации претставуваат пречна за американските компании и додаде дека работи на тоа „ американската економија да биде праведна и богата".
Истакна исто така дека на малите претријатија во САД треба да им се даваат повеќе кредити.
Трамп со третата уредба исто така вети дека ќе ги намали големите оптоварувања кои ги предизвикуваат прописите и регулациите во актуелниот даночен систем, а за неа рече дека е важна од аспект на финансиската стабилност.
Експертите наведуваат дека Трамп, кој на 30. април ќе наполни 100 дена во Белата куќа, во предизборната кампања вети реформа на даночниот систем и дека неговите изјави се многу важни за американскиот пазар.