Burak Bir, Ahmet Salih Alacaci
08 Мај 2026•Ажурирај: 08 Мај 2026
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговата официјална посета на Пекинг ќе се реализира според планираното, додавајќи дека очекува да има „неверојатна“ средба со својот кинески колега Си Ѓинпинг, јавува Анадолу.
Во разговорот со новинарите во Вашингтон, Трамп рече дека Кина „била одлична“ за неговата администрација на економски план.
„Ќе имаме средба со претседателот Си. Мислам дека ќе биде многу неверојатна. Тој ми е пријател. Многу добро се согласував со него во текот на годините“, истакна тој.
Трамп треба да ја посети Кина на 14 и 15 мај што е негова втора тет-а-тет средба со Си, откако се сретнаа минатата година во Јужна Кореја.