Gamze Türkoğlu Oğuz
12 Јуни 2018•Ажурирај: 13 Јуни 2018
СИНГАПУР (АА) - Американскиот претседател, Доналд Трамп, истакна дека се подготвени да напишат нова историја со Северна Кореја, јавува Anadolu Agency (AA).
Трамп, на прес-конференцијата што се одржа по неговата средба со лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг Ун, во Сингапур, упати благодарност до Ким поради тоа што го направи првиот чекор кон светла иднина за неговиот народ.
Трамп нагласи дека САД се подготвени за нова историја и страница со Северна Кореја. „Минатото не мора да ја обликува иднината“, додаде тој.
Истакнувајќи дека во Белата Куќа го поканил севернокорејскиот лидер, за кого повтори дека е многу талентиран, Трамп рече дека ќе го пречека Ким во вистинско време, и дека тој самиот е отворен еден ден да го посети Пјонгјанг.
Трамп нагласи дека ќе се стави крај на заедничките обуки на САД и Јужна Кореја, и со тоа ќе се направи голема заштеда.
Трамп соопшти дека Ким прифатил да го уништи теренот за тестирање ракетни мотори, но не даде информации околу тоа каде се наоѓа теренот за кој станува збор. Тој истакна дека е можна вистинска промена откако се сретнал лице в лице со Ким.