Ekip
12 Јуни 2018•Ажурирај: 12 Јуни 2018
ДОХА (АА) - „Катар во Меѓународниот суд за правда на ОН поднесе тужба против Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) поради кршење на човековите права“, соопшти вчера Министерството за надворешни работи на Катар, јавува Anadolu Agency (AA).
„Катар поведува постапка против ОАЕ пред Меѓународниот суд за правда за кршење на човековите права“, соопшти Министерството на својот профил на Твитер.
ОАЕ не дадоа коментар на објавата дека Катар започнуваат постапка против нив.
Односите меѓу Катар и ОАЕ се напнати од јуни 2017 година, кога Саудиска Арабија, Египет, ОАЕ и Бахреин ги прекинаа дипломатските и трговските врски со Доха, обвинувајќи ја за поддршка на тероризмот.
Четирите држави му се закануваа на Катар со додатни санкции доколку не ја исполнат листата со барања, вклучувајќи затворање на емитерот „Ал Џезира“.
Катар меѓутоа одби да ги исполни барањата, одбивајќи ги обвиненијата против него и опишувајќи го ембаргото од Саудиска Арабија како кршење на нивниот национален суверенитет.