Recep Şakar
04 Август 2017•Ажурирај: 05 Август 2017
МЕЛБУРН (АА) - Претседателот на САД, Доналд Трамп остварил телефонски разговор со премиерот на Австралија Малколм Трнбул, во кој станало збор за меѓусебниот договор за бегалците. Во медиумите протече информацијата дека во разговорот, американскиот претседател на австралискиот премиер му рекол: „Ти си полош и од мене”, пренесува Anadolu Agency (AA).
Премиерот Трнбул со медиумите го сподели целиот разговор кој го имаше со новоизбраниот претседател Трамп на 29 јануари, со цел продолжување на договорот потпишан меѓу Австралија и администрацијата на Обама, според кој бегалците од прифатните центри во Австралија ќе бидат прераспределени во САД.
Австралиската медиумска куќа (ABC), базирајќи се на „Washington Post“ објави аудио-запис од кој може да се разбере дека австралискиот премиер Трнбул се измачил во обидот да го убеди Трамп да го продолжи договорот потпишан со администрацијата на Обама, според кој бегалците од центрите за притвор во Манус и Маура треба да се прераспределат во САД.
Трамп не го прифатил договорот за бегалците, именувајќи го како „застрашувачки и одвратен договор”. Во аудио-записот може да се чуе гласот на Трамп како на Трнбул му вели: „Зошто нив (бегалците) не ги ослободиш? Зошто не ги пуштиш да влезат во твојата заедница?”.
Во раговорот Трнбул истакнал дека бегалците кои се во притвор не се примаат во Австралија не затоа што се лоши луѓе, туку за да се запрат трговците со луѓе. На снимката се слуша како австралискиот премиер вели: „рековме дека доколку се обидете со чамец да дојдете во Австралија, може да сте најдобриот човек на светот, дури и сопственик на Нобелова награта, сепак нема да ве пуштиме да влезете”.
Трамп, кој со цел да се запре влезот на бегалци во САД рече дека ќе постави ѕид на границата со Мексико, во разговорот со австралискиот премиер одговорил: „Тоа е добра идеја. Тоа треба и ние да го сториме. Ти си полош и од мене”.
Разговорот требало да трае 1 час, но траел само 24 минути. Во врска со прифаќањето на бегалците Трамп рекол дека не сака продолжување и примање на бегалци од Австралија, по што одговорил: „Малколм доволно е. Доста веќе. Цел ден ги правам овие разговори и ова ми беше најнепријатниот разговор. Добар беше раговорот со Путин. Овој беше баш бесмислен”.
На крајот од разговорот меѓу двајцата лидери, Трнбул се обидел да поразговара за Сирија, но Трамп не го испочитувал.
Бегалците кои во Австралија пристигнуваат со чамец, откако ќе бидат фатени, се префрлуваат на островите Манус и Маура на Папуа Нова Гвинеја, каде се сместени во центри за притвор. Минатата година Австралија постигна договор со администрацијата на Обама, според кој бегалците и азилантите од Австралија треба да бидат испратени во САД.
Сѐ уште од Австралија во САД не е префрлено ниту едно од околу 2.000 лица кои се наоѓаат во центрите за притвор на островите Манус и Маура според договорот меѓу двете земји, кој сѐ уште важи.