Betül Yürük
07 Декември 2016•Ажурирај: 07 Декември 2016
ЊУЈОРК (АА) - Новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп изјави дека новото раководство, ставајќи и крај на надворешната политика за поддршка на уривање на странски влади, ќе се фокусира на борбата против тероризмот, јавува Anadolu Agency (AA).
Трамп, кој со својата претседателска функција треба да започне на 20 јануари 2017 година, одржа говор во Северна Каролина, во рамките на „турнеја на благодарност“, во која ги посетува државите во кои победи на претседателските избори кои се одржаа на 8 ноември.
Трамп соопшти дека за министер за надворешни работи го предлага пензионираниот генерал Џејмс Матис, и даде мал осврт за воената и надворешна политика на новото раководство на САД.
Наместо да се мешаат во странските држави во кои има судири, Трамп истакна дека е потребно да се фокусираат на борбата против тероризмот и го рече следното:
„Потребно е да ставиме крај во трката за соборување на странски режими за кои не знаеме ништо и да се фокусираме кон победа над ДЕАШ. Секоја држава која ги споделува овие цели со САД е наш партнер. Наша цел е да ги зацврстиме старите пријателства и да создадеме нови. Подучени од искуствата стекнати во минатото, сакаме да воспоставиме стабилност. Потрено е да ставиме крај на уривачката надворешна политика на интервенции и на овој хаос.“