Ekipa
07 Декември 2016•Ажурирај: 07 Декември 2016
ТУБАН (АА) - Најмалку 54 лица загинаа во Индонезија, којашто синоќа по полноќ, по средноевропско време, беше погодена од силен земјотрес, јавува Anadolu Agency (AA).
Десетици згради се срушија во земјотресот со јачина од 6,5 степени според Рихтеровата скала што го погоди северниот дел на островот Суматра, на длабочина од околу 10 километри.
Од националната Агенција за управување со катастрофи соопштено е дека најкритично е во провинцијата Ацех, каде што поради повреди хоспитализирани се околу 500 лица.
Според податоците на индонезиските медиуми, станува збор за регион кој е населен претежно со муслиманско население.
Првите снимки и фотографии од местото покажуваат дека земјотресот до темел урнал голем број куќи, згради, деловни објекти и џамии.
Тамошните власти сè уште немаат прецизни информации за тоа колку лица се затрупани под урнатините. Спасувачките екипи се на теренот, и се претпоставува дека бројот на жртви ќе се зголеми.
Од друга страна, потврдено е дека земјотресот не предизвикал цунами.